Над 126.000 лица преминале преку Граничниот премин Табановце од петок во 10 часот наутро, до истото време утринава.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи од 07.08.2026 од 10:00 часот до 10.08.2026 до 10:00 часот влез во државата оствариле 10.974 македонски државјани, а излез 17.785 македонски државјани.
Што се однесува до странските државјани, бројките се многу поголеми.
Во истиот период влез во Македонија оствариле 43.296 странски државјани, а ја напуштиле 54.701 лица.
– Од страна на МВР се преземаат сите мерки и во функција се ставени сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, се разбира со спроведување на задолжителните гранични проверки, велат од ресорното министерство.
Никола Ивановски

