32 пакувања марихуана пронајдени во пратка за затвореник од Куманово

Сподели со своите пријатели

Во пратка наменета за затвореник од Куманово во затворот во Идризово викендов биле пронајдени и одземени 32 пакувања со марихуана.

– На 09.08.2026 во 13:40 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 11:00 часот при извршен претрес на пратка за осуденикот О.М.(48) од Куманово, биле пронајдени и одземени 32 пакувања со марихуана, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, полициски службеници ја подигнале дрогата за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Заталкан куршум пронајден во двор во Куманово