Педесетгодишен кумановец викендов пронашол зрно од огнено оружје во дворот на неговата семејна куќа.
– На 09.08.2026 во 15:00 во СВР Куманово, Д.С.(50) од Куманово пријавил дека во неговиот двор на улицата „Кирил и Методиј“ пронашол зрно од огнено оружје, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, увид извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски

