Двајца во болница, еден приведен по тепачка во Младо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Две лица завршија во болница, а едно во полициска станица по меѓусебна физичка пресметка која викендов се случила во селото Младо Нагоричане.

– На 09.08.2026 во 22:20 часот во СВР Куманово било пријавено дека во село Младо Нагоричане, по претходна расправија, настанала пресметка помеѓу З.Ц.(62), Б.Д.(53) и М.С.(68), при што Б.Д. и М.С. се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, во врска со настанот З.Ц. бил лишен од слобода и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Интензивно се работи на партерното уредување околу Спортската сала во Куманово (ФОТО)

Никола Ивановски