Кумановец тешко повреден откако „нисан“ излетал од патот во Четирце

Сподели со своите пријатели

Триесет и осумгодишник од Куманово се здобил со тешки теленси повреди откако „нисан“ викендов излетал од патот кај Четирце.

– На 08.08.2026 околу 13:55 часот во СВР Куманово е пријавено дека  на локален пат Куманово-село Табановце, во атар на с.Четирце, кумановско, се случила сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило „нисан“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(32) од село Горно Којнаре, кумановско, излетало од патот, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Во несреќата, како што додаваат од полицијата, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Љ.С.(38) од Куманово, констатирани во Општа болница Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Продолжува топлотниот бран

Увид извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски