Куманово доби уште едно противпожарно возило од Австрија (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово доби ново противпожарно возило со капацитет од 9.000 литри вода, кое е донација од аеродромот во Инсбрук, Австрија.

Донацијата е обезбедена преку долгогодишната соработка меѓу Општина Куманово и покраината Тирол.

 

 

Со пристигнувањето на новото возило, ТППЕ Куманово сега располага со вкупно седум противпожарни возила, со што значително се подобруваат оперативните капацитети на единицата за справување со пожари и други интервенции.

 

 

Во рамки на примопредавањето, командирот на ТППЕ Куманово, Борис Станковски, остварил средби со покраинската министерка за цивилна заштита и заштита при катастрофи на Тирол, Астрид Маир, како и со раководството на аеродромот во Инсбрук и командирот на противпожарната бригада на аеродромот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  53-годишен кумановец ја натепал својата мајка

 

 

Како дел од донацијата, претставници на ТППЕ Куманово престојуваа пет дена во Австрија, каде што поминаа обука за ракување со новото возило.

 

 

Тие имаа можност да се запознаат и со начинот на функционирање на доброволните противпожарни друштва во Австрија и Хрватска.

 

 

Од Општина Куманово изразија благодарност до сите партнери кои придонеле за реализација на донацијата, истакнувајќи дека таа претставува значаен чекор во унапредувањето на противпожарната заштита и безбедноста на граѓаните.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски