53-годишен кумановец ја натепал својата мајка

Сподели со своите пријатели

Педесет и тригодишник од Куманово бил приведен вчера по пријава дека физички ја нападнал неговата мајка.

– На 19.07.2026 во 16:50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.В.(53) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата мајка, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денеска и утре без струја овие делови на Куманово