Две лица натепале соселанец во Сув Орах

Сподели со своите пријатели

Две лица физички нападнале соселанец во селото Сув Орах во Општина Старо Нагоричане, по што едниот од нив бил приведен.

– На 08.07.2026 во 13:20 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.Т.(34) од с.Орах, општина Старо Нагоричане, затоа што во истото село со уште едно лице, физички го нападнале М.С.(37), информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец тешко повреден откако удрил во паркирано товарно возило