Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека неговата земја многу смета на одлуката на САД во врска со лиценците за ракети „Патриот“.
„Ова е она што може да ја запре војната“, напиша тој на социјалните мрежи.
Зеленски додаде дека испораката на воздушна одбрана на Украина е апсолутен приоритет.
Тој се осврна на програмата PURL (Список на приоритетни барања за Украина), иницијатива на НАТО чија цел е да им овозможи на земјите-членки на НАТО да набават американско оружје за одбрана на Украина, вклучително и ракети за украинските батерии „Патриот“, вредни повеќе од 1 милијарда долари.
„Тоа е нешто што директно спасува животи. Секој од нашите билатерални договори со нашите партнери за воздушна одбрана обезбедува вистинска помош“, додаде Зеленски.
Најмалку десет лица беа убиени во Киев и околината во руските воздушни напади во текот на изминатата ноќ.

