Општина Куманово ги повика граѓаните кои претрпеле материјална штета од обилните врнежи од дожд што го зафатија градот вчера да поднесат барање до Комисијата за процена на вредност на штета од природни несреќи и други непогоди.
Барањата се поднесуваат во архивата на Општина Куманово, а крајниот рок за доставување е 10 јули 2026 година (петок).
Кон барањето потребно е да се приложи копија од лична карта за физички лица, односно решение или тековна состојба од регистрација во Централниот регистар за правни субјекти – сопственици на имотот, копија од имотен лист за објектите кои претрпеле оштетувања од поплавите, како и копија од трансакциска сметка на сопственикот.
Од Општина Куманово информираат дека доколку при поднесувањето на барањето не биде доставена целокупната потребна документација, членовите на комисијата ќе ги известат барателите за дополнување на документите при увидот на лице место.
Никола Ивановски

