Под влијание на топла воздушна маса од југ до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 39°C.
Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.
Денеска низ Македонија времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 37 степени.
Никола Ивановски

