Сечел дрва во кумановско па оштетил електрични проводници на ЕВН

Сподели со своите пријатели

Кумановец сечејќи дрва во селото Зубовце вчера попладне оштетил електрични проводници сопственост на ЕВН Македонија.

– На 19.06.2026 година во 16.46 часот во СВР Куманово, Р.Н. од Куманово, вработен во ЕВН Македонија КЕЦ Куманово пријавил дека истиот ден, околу 13.00 часот во селото Зубовце, кумановско биле скинати електрични проводници, сопственост на ЕВН Македонија, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, увид извршила екипа од СВР Куманово, при што било констатирано дека од страна на Ч.Ц. од Скопје при сечење дрвја на негов приватен имот, едно од дрвјата паднало и ги оштетило електричните проводници.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Делови од Куманово утре без струја

– По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски