Делови од Куманово утре без струја

Сподели со своите пријатели

Делови од Куманово утре привремено ќе бидат без напојување со електрична енергија, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во перод од 09:10 до 10:30 часот утре без струја ќе останат корисниците од дел од улицата „Доне Божинов“, поточно месноста Прмакови ниви.

Во исто време прекини ќе има и во објектите околу Спомен Костурница, кланица „Црн Бик“, Ново Куманово како и Железничката станица „Ново Куманово“.

Без струја утре од 09:10 до 10:30 исто така ќе останат и улицата „Јоско Илиевски“, населбата Средорек, Спортскиот аеродром „Аџитепе“, како и фабриката „Феликс“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Двајца приведени во Пелинце, нападнале обезбедување и полицајци

Од 12:30 до 14:00 часот утре прекини ќе има на дел од фабриката ФЗЦ.

Никола Ивановски