Приведен 71-годишен кумановец кој возел пијан

Сподели со своите пријатели

Седумдесет и едногодишен кумановец бил приведен викендов откако полицијата констатирала дека возел под дејство на алкохол.

– На 21.06.2026 во 00:10 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.И.(71) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при сообраќајна контрола на улица „100“ во населба Карпош во Куманово запрено е патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1.69 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќајот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пет интервенции имале вчера кумановските пожарникари

– По насоки на јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против Д.И. ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски