Девојка (21) почина вчера во Грција, на Евија, откако ја каснала оса!
Девојката вчера била донесена во Здравствениот дом во Псахна, а според медиумите, таа била во несвест.
Како што соопштија членовите на нејзиното семејство, девојката наводно била касната од оса кратко пред да се онесвести.
Лекарите од Здравствениот дом веднаш започнале неколкучасовни обиди за реанимација, применувајќи ги сите пропишани медицински протоколи, но и покрај нивните напори, не можеле да ја оживеат.
Според достапните информации, 21-годишната жена пристигнала во здравствената установа во исклучително тешка состојба.
Овој случај предизвика голема вознемиреност кај членовите на семејството, но и кај персоналот на Здравствениот дом, поради што полицијата била повикана на местото на настанот.
После тоа, нејзиното тело било префрлено во болницата во Халкида, каде што ќе се спроведат планираните процедури.
Точната причина за смртта ќе се утврди со обдукција.

