Советот на Општина Куманово утре ќе ја одржи 12-тата седница, која ќе започне во 10 часот во кружната сала на зградата на поранешните општествено-политички организации.
Пред советниците ќе се најдат 31 точка на дневен ред, меѓу кои годишниот извештај за реализација на Програмата за развој на Североисточниот плански регион за 2025 година, како и повеќе предлог-одлуки поврзани со регионалното управување со отпад преку Заедничкото јавно претпријатие „Еко Исток – Североисток“.
Советниците ќе расправаат и за состојбата со канализационата мрежа во селото Тромеѓа, за продажба на движен имот во сопственост на Општина Куманово, како и за давање на користење на недвижен имот без надоместок на Собранието на Република Македонија.
На дневен ред се и повеќе предлог-одлуки за давање согласност на годишните планови за вработување за 2027 година во основните училишта и Општинското основно музичко училиште „Панче Пешев“.
Советот ќе разгледува и одлуки за објавување дополнителни јавни повици за избор на членови на управни и надзорни одбори во повеќе јавни претпријатија, меѓу кои „Водовод“, „Чистота и зеленило“, „Пазаришта“, „Куманово-паркинг“, „Куманово Гас“ и „Куманово План“.
Последна точка на дневниот ред е предлог-одлуката за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2026 година.
Целосниот дневен ред можете да го прочитате во продолжение:
1. Годишен извештај за реализација на Програмата за развој на Североисточен плански регион 2021 – 2026, за 2025 година, со Извештај за финансиското работење на Центарот за развој на Североисточен плански регион за 2025 година;
2. Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлука за основање на Заедничко јавно претпријатие за регионално управување со отпад ЕКО ИСТОК – СЕВЕРОИСТОК Свети Николе;
3. Предлог – Одлука за утврдување на начинот на финансирање и обезбедување средства за тековно работење и одржување на Заедничкото јавно претпријатие за регионално управување со отпад ЕКО ИСТОК – СЕВЕРОИСТОК Свети Николе;
4. Информација за состојбата со канализационата мрежа во с. Тромеѓа;
5. Предлог – Одлука за давање на согласност за продажба на движни ствари, сопственост на Општина Куманово, по пат на електронско јавно наддавање;
6. Предлог – Одлука за давање на користење на недвижна ствар сопственост на Општина Куманово без надоместок на Собрание на Р.С. Македонија;
7. Предлог – Одлука за именување на членови на општински совет за социјална заштита на Општина Куманово;
8. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2027 година на ООУ „Крсте Мисирков” – Куманово;
9. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2027 година на ООУ „Браќа Миладиновци” – Куманово;
10. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2027 година на ООУ „11 Октомври” – Куманово;
11. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2027 година на ООУ „Вук Караџиќ” – Куманово;
12. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2027 година на ООУ „Бајрам Шабани“ – Куманово;
13. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2027 година на ООУ „Наим Фрашери“ – Куманово;
14. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2027 година на ООУ „Толи Зордумис” – Куманово;
15. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2027 година на ООУ „Кочо Рацин” – Куманово;
16. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2027 година на ООУ „Христијан Карпош” – Куманово;
17. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2027 година на ООУ „Магдалена Антова” – Куманово;
18. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2027 година на ООУ „Јероним Де Рада“ с. Черкези – Куманово;
19. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2027 година на ООУ „Кирил и Методиј” с. Романовце – Куманово;
20. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2027 година на ООУ „Битолски Конгрес” с. Лопате – Куманово;
21. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2027 година на ООУ „Карпош” с. Умин Дол – Куманово;
22. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2027 година на ООУ „Браќа Рибар” с. Табановце – Куманово;
23. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2027 година на ООУ „Вера Которка“ с. Клечовце – Куманово;
24. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2027 година на УОМО „Панче Пешев” – Куманово;
25. Предлог – Одлука за објавување на Jавен повик 01/26 – дополнување, за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на Надзорен одбор на Јавно претпријатие „Водовод“- Куманово;
26. Предлог – Одлука за објавување на Jавен повик 02/26 – дополнување, за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на Надзорен одбор на Јавно претпријатие „Чистота и зеленило“- Куманово;
27. Предлог – Одлука за објавување на Jавен повик 03/26– дополнување, за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на Управен одбор и членови на Надзорен одбор на Јавно претпријатие „Пазаришта“- Куманово;
28. Предлог – Одлука за објавување на Jавен повик 04/26 – дополнување, за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на Управен и членови на Надзорен одбор на Јавно „Куманово – паркинг“ – Куманово;
29. Предлог – Одлука за објавување на Jавен повик 05/26 – дополнување, за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на Управен одбор и член на Надзорен одбор на Јавно претпријатие за изградба на инфраструктурни објекти „Куманово Гас“- Куманово;
30. Предлог – Одлука за објавување на Jавен повик 06/26 – дополнување за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на Надзорен одбор на Јавно претпријатие за просторни и урбанистички планови „Куманово План“- Куманово;
31. Предлог–Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2026 година.
Никола Ивановски

