Кумановец бил агресивен и се заканувал на сопругата, полицијата го привела

Сподели со своите пријатели

Триесет и петгодишник од Куманово бил приведен ноќва по пријава дека агресивно се однесвал и упатувал закани кон својата сопруга.

– На 05.06.2026 во 01:15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.С.(35) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом во Куманово се однесувал агресивно и упатувал закани кон неговата 31-годишна сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска повеќе локации во Куманово