Без струја денеска повеќе локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

На повеќе локации низ Куманово денеска ќе има привремени прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 08:30 до 14:30 часот прекини ќе има во ООУ „Христијан Карпош“ во населбата Перо Чичо, како и на улиците „Иво Андриќ“, „Радоје Димиќ“, „Веселин Маслеша“, „Будимир Димковски“, „Милентие Поповиќ“, и „Благој Пецкалија“,

Во истиот период без струја ќе останат и корисниците од улиците „Бранко Радичевиќ“, „Ратко Митровиќ“ , Михајло Пупин, „30-ти Јули“, „Стево Филиповиќ“ и „Руѓер Бошковиќ“.

Во период од 09:00 до 11:00 часот прекини ќе има кај корисниците од улиците „Илинденска“, „Kирил и Mетодиј“, дел од булеварот „Tрета МУБ“ поточно спроти „Рим Париз“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени двајца дрвокрадци во липковско

Од 09:10 до 10:30 без струја ќе останат и улицата „Доне Божинов“, локалитетот Прмакови ниви, објектите спроти Спомен Костурница, кланица „Црн Бик, Ново Куманово, Железничка станица и населбата Средорек.

Прекини во истиот период ќе има и на улицата „Јоско Илиевски“, спортскиот аеродром Аџитепе, како и фабриката „Феликс“.

Никола Ивановски