Куќа изгоре во пожар во Матејче, две лица завршија во болница

Сподели со своите пријатели

Две лица завршиле во болница откако вдишале чад при гаснење на куќа на нивен сосед во липковското село Матејче.

– На 29.05.2026 во 13.28 часот во СВР Куманово било пријавено дека настанал пожар во куќа во село Матејче сопственост на М.С. Пожарот бил изгаснат од соседите, а  А.С.(49)  и Н.С.(20) поради тоа што вдишале чад биле пренесени во Општа болница Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во пожарот изгорела една куќа, а во гаснењето учествувале и петмина пожарникари во период од 13:25 до 14:25 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 44-годишен кумановец, откако ја нападнал сопругата

На стадинот во липковско Опае, вчера исто така изгорел помошен објект.

Таму интервенирале тројца пожарникари во период од 13:55 до 14:25 часот.

Никола Ивановски