Германија не планира да испорача крстосувачки ракети „Таурус“ на Украина, објави германската амбасада во Русија, објавува весникот „Известија“.
Дипломатските претставништва се повикаа на изјавите на германскиот канцелар Фридрих Мерц, во кој се наведува дека Берлин во моментов не испорачува ваков вид оружје и дека нема дополнителни коментари на оваа тема.
Во соопштението се наведува и дека Украина развила свои системи за оружје со долг дострел што ги користи во конфликтот, објавува Танјуг.
Мерк претходно, на 25 март 2026 година, изјави дека не гледа потреба од испорака на ракети „Таурус“ на Киев.

