Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во понеделникот изјави дека е премногу рано да се укинат санкциите наметнати на Иран.
– Сметаме дека укинувањето на санкциите би било прерано – рече таа во Берлин на состанокот на конзервативната партија ЦДУ и нејзината баварска сестринска партија ЦСУ, додавајќи дека санкциите се воведени поради репресијата на сопственото население во Иран.
– Прво треба да видиме промена, суштинска промена во Иран пред да разговараме за укинување на санкциите – додаде фон дер Лајен.

