Рекорден број жртви од лавини во Алпите оваа сезона

Сподели со своите пријатели

Од почетокот на октомври 2025 година, најмалку 135 лица загинаа во лавини во Алпите и другите планински области на Европа, според податоците од Европската служба за предупредување од лавини.

За споредба, вкупно 70 жртви од лавини се регистрирани во Европа во текот на зимата 2024/25 година, што значи дека оваа сезона бројот на жртви е речиси двојно зголемен, објавува Шпигел.

Повеќе жртви последен пат се регистрирани во 2017/18 година, кога имало 147 жртви.

Италија била најпогодена со 38 смртни случаи.

Поголем број несреќи се регистрирани во Јужен Тирол, каде што најтешката несреќа се случила на почетокот на ноември – кога пет планинари од Баварија загинале во лавина при искачување на врвот Вертхајмспис.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  17-годишен ученик со нож ја уби ствјата наставничка пред училиште, хорор во Русија

Податоците покажуваат дека 31 лице загинало во Франција, 30 во Австрија и 15 во Швајцарија.

Немало смртни случаи на планините во Германија.

Експертите ги наведуваат климатските промени како една од причините за зголемениот број жртви.

Повисоките температури влијаат на стабилноста на снегот, а послабата поврзаност на старите и новите снежни слоеви, како и посилните ветрови, придонесуваат за формирање на опасни снежни наноси, пренесува Танјуг.