Учениците и граѓаните на Куманово се запознаа одблизу со работата на Царината (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Учениците и граѓаните на Куманово денеска имаа можност одблизу да се запознаат со работата на Царинската управа, во рамки на настанот „Отворен ден со Царинската управа“, кој се одржа на градскиот плоштад.

 

 

Настанот е дел од активностите по повод одбележувањето на 14 Април – Денот на Царинската управа, а токму од Куманово започнува серијата отворени денови низ државата, со цел институцијата да се доближи до граѓаните и да ја подигне свеста за нејзината улога.

 

 

Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, потенцираше дека со овие активности институцијата има за цел да се доближи особено до младите.

– Денеска ни е прв настан. Стартуваме од Куманово, сакаме да им ја приближиме оперативната работа на нашите царински службеници кон најмладите пред се во Куманово, оние коишто се иднината на Република Македонија, рече Николовски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец ја нападнал својата сопруга, полицијата го привела

 

 

Во рамки на настанот, посетителите имаа можност да проследат демонстрации на мобилните царински тимови, вклучително и работа со К9 кучињата, како и користење на специјализирана опрема.

– Нашите оперативни служби, оперативното одделение, попознато  како мобилна царина, тука сме заедно со началникот и дел од колегите коишто на лице место ќе ја презентираат на присутните граѓани работата секојдневна нивна од оперативна страна со К9 кучињата, со скенерите што ги поседуваме за мали пратки и скенерот за големи товарни моторни возила и со тоа на лице место ќе им прикажеме на најмладите што тоа Царинската управа работи секојдневно 24 часа на ден, истакна тој.

 

 

Николовски нагласи дека ваквите настани имаат и едукативна улога, со цел граѓаните да се запознаат со царинските постапки и однесувањето при преминување на граница.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЖРК Куманово денеска игра четвртфинале од Купот на Македонија

– Сите овие луѓе тука, еден ден, ако веќе не биле, ќе бидат дел од некоја царинска постапка, бидејќи за царинска постапка се смета и преминот преку граничната линија на граничен премин и затоа овие луѓе ќе треба најблаго кажано да знаат како да се однесуваат кон царинските службеници, а и царинските службеници да знаат како да се однесуваат кон самите сограѓани, појасни Николовски.

 

 

Тој посочи дека Царинската управа има клучна улога во полнењето на буџетот и во заштитата на државата.

– Кога зборуваме за полнење на буџетот, а ние навистина тоа фасцинантно го правиме во последните близу две години. Имаме навистина добри резултати. Нашите сограѓани со тоа добиваат подобри патишта, нови болници и нови училишта, изјави Николовски, додавајќи дека преку спречување на криумчарење на нелегални стоки се придонесува за поголема безбедност.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР најавува врнежи, ветер и заладување

 

 

Воедно, директорот нагласи дека институцијата работи и на модернизација и дигитализација на процесите.

– Активно работиме на повеќе проекти за кои сега не би можел поединечно да ве информирам меѓутоа морам да кажам дека во моментов работиме на толку проекти што 10-15 години наназад во исто време не сработеле во Царинската управа, рече Николовски.

 

 

Целта на „Отворените денови“ е да се зајакне довербата на граѓаните, да се приближи работата на Царинската управа и да се поттикне партнерски однос со сите учесници во царинските постапки.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски