Приведени три лица од Добрача, оти краделе во Доброшане

Сподели со своите пријатели

Три лица од село Добрача, општина Старо Нагоричане, биле приведени вчера под сомнение дека краделе од деловен објект во село Доброшане.

– На 23.02.2026 во 16:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Н.Д.(26), Н.Ј.(25) од Куманово и М.С.(20) од село Добрача, општина Старо Нагоричане, затоа што од деловен објект во село Доброшане, кумановско, одзеле предмети, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нови зелени површини во Куманово преку прекуграничен проект со Бугарија (ФОТО)