Високиот водостој на Кумановка однесе шишиња и фрижидери во Доброшане (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Голем број пластични шишиња, но и неколку фрижидери однел високиот водостој на реката Кумановка во селото Доброшане.

Водостојот на Кумановка се издигнал околу 200 сантиметри кај мостот близу стадионот во селото Добрашане, каде отпатувал отпадот од брегот на реката.

– Во изминатиот период можевме да забележиме колку сме свесни и општествени одговорни. Зголемениот водостој ги прибра пластичните шишиња од бреговите. Покачениот водостој на реката Кумановка, нивото беше над 200см кај мостот во Доброшане, кај игралиштето и таму не можеа да поминат понатаму и тука имавме една огромна депонија, односно смето од пластични шишиња, дури имавме три фрижидери кои допатуваа таму, вели директорот на АД Водостопанство „Кумановско Липковско поле“, Дарко Живковски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Започна доставата на опомени и решенија за данок на имот во Куманово

 

 

Нивните екипи, како што информираше Живковски се уште се на терен и го собираат тој смет, кој ќе заврши во компанија која се занимава со рециклирање на пластичен отпад.

– Наша механизација со скип работиме, ги вадат пластичните шишиња и другиот пластичен отпад од самото речнорито и имаме ангажирано камион за транспорт на сметот, додаде Живковски.

 

 

Како што појасни тој, навременото чистење на речните корита во изминатиот период денес резултираше да нема поплави во кумановскиот крај.

– Во изминатиот период присутни сме на терен, работевме за чистење на речните корита, правење на заштитни бедеми што еве резултираше немавме поплави, немаше излевање во Пелинце, Клечовце, Јачинце и Довезенце, на тој потег, иако имавме зголемен водостој натпросечни водостои за овој период од годината, појаснува директорот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поради сообраќајка семафорите на две крстосници во Куманово надвор од функција

 

 

Излевање и поплавување, како што појаснува Живковски, има во липковско, каде поради акумулирање на градежен шут е излеана Слупчанска река.

– Иизлеговме таму на терен разговаравме со самото месно население, тие се свесни дека таму забележително беше големо количество на градежен шут кој се нутрупувал во самота речено корито и е намален протокот. Во идниот период ќе работиме на расчистување на тој дел, вели директорот.

 

 

Како што појасни Живковски, во урбаните предели надлежноста за чистење на речните корита е на самите општини, додека тие се задолжени за руралните делови.

Во меѓувреме, браната Глажња во Липково, од каде Куманово се снабдува со вода, е скоро преполна, за што се направени планови за контролирано испуштање на водата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја две населени места во Куманово

Никола Ивановски