Браната во Липково преполна, ќе се испушта вишокот вода (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Браната во Липково од каде градот Куманово се снабдева со вода е скоро преполна, а надлежните прават планови за нејзино контролирано испуштање.

 

 

Како што информираше директорот Дарко Живковски, во овој момент има 21 милион метри кубни вода, а има простор за уште околу два милиони.

– Да не беа браните ќе имавме поплави во Куманово. Моментално во браната глажња има 21 милион, тоа информацијава од осум часот наутро. Нашите служби јавуваат, имаме уште во браната да акумулираме 2 милиони метри кубни вода. Подготвени сме на терен, присутни сме, имаме направено план каде ќе се испушта вишокот на вода да не дојде до поплавување, така да граѓаните се безбедни. Ќе имаме вода за пиење и за наводнување. Имаме план и програма како да дејствуваме и да ја сочуваме истата вода, изјави Живковски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја две населени места во Куманово

 

 

Според директорот во изминатите години немало прелевање на браната Глажња. Во октомври имало само три милиони метри кубни, а сега веќе 21 милион што е доволно вода за следниот период.

Никола Ивановски