Стармер и Си повикаа на обновени врски меѓу Велика Британија и Кина

Сподели со своите пријатели

Британскиот премиер Кир Стармер и кинескиот претседател Си Џинпинг денес повикаа на „сеопфатно стратешко партнерство“ за продлабочување на врските меѓу нивните земји во време на растечка глобална неизвесност, јавува агенцијата Асошиејтед Прес.

„Односите меѓу Кина и Велика Британија доживеаа назадувања во претходните години, што не беше во интерес на двете земји. Во сегашната сложена и постојано променлива меѓународна ситуација… Кина и Велика Британија мора да го зајакнат дијалогот и соработката со цел да го одржат светскиот мир и стабилност“, рече Си пред почетокот на средбата со Стармер во Пекинг.

Потсетувајќи дека унилатерализмот, протекционизмот и политиката на моќ се во пораст веќе некое време и дека меѓународниот поредок е сериозно загрозен, Си изјави дека е потребно Кина и Велика Британија да ја поддржат мултилатерализмот и слободната трговија, објави Кинеската медиумска група.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Девојка почина во авион за време на летот за Прага

„Се надеваме дека Велика Британија ќе обезбеди фер, праведна и недискриминаторска деловна средина за кинеските компании. Кина е подготвена активно да размисли за спроведување на едностран безвизен режим за Велика Британија“, рече Си.

Британскиот премиер му рекол на Стармер дека Лондон сака да изгради „софистициран однос“ со Пекинг, пренесува Ројтерс.

„Кина е витален играч на глобалната сцена и од витално значење е да изградиме пософистициран однос каде што можеме да идентификуваме можности за соработка, но секако и да овозможиме значаен дијалог за областите каде што не се согласуваме“, му рекол Стармер на Си на почетокот од состанокот.

Со британскиот премиер во Пекинг дојдоа повеќе од 50 водечки бизнисмени, како и претставници на некои културни организации.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Експлозии и пукање на главниот аеродром во Нигер

Средбата меѓу кинескиот претседател и британскиот премиер траеше 80 минути.

Стармер, кој е во четиридневна посета на Кина, е првиот британски премиер кој остварил официјална посета на Кина за осум години.

Британскиот лидер ќе се сретне и со премиерот Ли Ќијанг.

Британската влада вчера објави дека двете земји ќе потпишат договор за заедничка акција за контрола на кинеските мотори за мали чамци за да се спречи шверцување луѓе во Велика Британија преку Ламанш.

Договорот предвидува повеќе депортации на оние кои немаат право да останат во Велика Британија и поинтензивна работа со Кина за сузбивање на синтетичките опиоиди, се вели во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мерц повика на зајакнување на НАТО во Европа, заедно со зајакнување на врските со САД