Бројот на жртви од поплавите во јужен Тајланд се искачи на 145, изјави владиниот портпарол Сирипонг Ангкасакулкиат.
Околу еден милион домаќинства и повеќе од три милиони луѓе беа погодени од поројните дождови што поплавија 12 јужни провинции во последните денови, објави АП.
Властите очекуваат реките да се повлечат под критичното ниво во сите области до вечерта.
Тајландскиот премиер Анутин Чарнвиракул претходно прогласи вонредна состојба во Сонгкла, истакнувајќи ја „невидената сериозност“ на поплавите што го погодија и најголемиот град во јужен Тајланд, Хат Јаи.
Поради преоптоварувањето на градската болница Хат Јаи, Министерството за здравство формираше осум привремени теренски болници.
Дваесет од најтешките пациенти беа префрлени со хеликоптер, а дополнителни залихи со храна беа доставени до медицинскиот персонал и пациентите.

