33 точки утре пред Советот на Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Советот на Општина Куманово утре во кружната сала на поранешен Комитет од 10 часот, ќе ја одржи втората седница.

На дневен ред пред советниците ќе се најдат дури 33 точки, а меѓу нив ќе има извештаи на дел од јавните претпријатија, одлука за зимско одржување на улиците, за субвенционирање на автобускиот превоз, но ќе има и извештај за извршување на Буџетот како и предлог за негово проширување.

Целосниот дневен ред може да го прочитате во продолжение:

1. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за период од 01.07.2025 – 30.09.2025 година;

2. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово од 01.07.2025 – 30.09.2025 година;

3. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Статутот на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;

4. Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Статутот на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;

5. Програма за измена и дополнување на Програмата за одржување на јавна чистота на јавни сообраќајни површини во Куманово за 2025 година;

6. Програма за измена и дополнување на Програмата за уредување и одржување на градско зеленило во Куманово за 2025 година;

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Започна изградбата на нов дел од булеварот „Октомвриска револуција“ (ФОТО)

7. Програма за измена и дополнување на Програмата за одржување на јавна чистота на јавни сообраќајни површини во Куманово за 2025 година – зимско одржување;

8. Програма за изменување и дополнување на Програмата за работа на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово со финансиски план за 2025 година;

9. Предлог – Одлука за давање согласност на Измена на Годишен план за вработување во 2025 година на ООУ „Кочо Рацин” – Куманово;

10. Предлог – Измена и дополнување на Планот на програми за развој на Општина Куманово за 2025 година;

11. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2025 година;

12. Предлог – Програма за изменување на Програмата на активности од областа на заштитата на животната средина и природата на Општина Куманово за 2025 година;

13. Предлог – Одлука за субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово;

14. Предлог – Одлука за субвенционирање на линиски превоз на патници за линии утврдени со Спогодба за утврдување на заедничко организирање на извршување на линиски превоз на патници помеѓу Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане;

15. Предлог – Програма за изменување на Програмата за субвенционирање на наставни, воннаставни и спортски активности по пливање во Затворениот базен – Куманово за учениците од основните и средните училишта од Општина Куманово за 2025 година;

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поранешен заменик министер и директор од Куманово меѓу уапсените во големата акција

16. Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за утврдување на максималната висина на износот на бесплатниот превоз на ученици на релација с. Вак`в – с. Пчиња и обратно за која нема обезбедено општински линиски превоз;

17. Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за резервирани (обезбедени) средства за експропријација во Буџетот на Општина Куманово за 2025 година;

18. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за III квартал од 2025 година;

19. Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Куманово за 2025 година;

20. Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Куманово за 2025 година;

21. Предлог – Решение за разрешување на член на Управниот одбор на Јавното претпријатие „Куманово – план” – Куманово;

22. Предлог-Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за финансирање и Буџет на Советот на Општина Куманово;

23. Предлог-Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за комунални дејности на Советот на Општина Куманово;

24. Предлог-Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за локален економски развој на Советот на Општина Куманово;

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЖРК Куманово вечерва го пречекува тимот на ЖРК Металург

25. Предлог-Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за урбанизам на Советот на Општина Куманово;

26. Предлог-Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за заштита на животната средина и природата на Советот на Општина Куманово;

27. Предлог – Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за образование, култура и спорт на Советот на Општина Куманово;

28. Предлог-Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за социјална, детска и здравствена заштита на Советот на Општина Куманово;

29. Предлог-Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за статут и прописи на Советот на Општина Куманово;

30. Предлог-Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за месна самоуправа на Советот на Општина Куманово;

31. Предлог – Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија на Советот на Општина Куманово;

32. Предлог-Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените на Советот на Општина Куманово;

33. Предлог-Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за безбедност, безбедност во сообраќајот и противпожарна заштита на Советот на Општина Куманово.

Никола Ивановски