МВР: Дојавите за бомби во училиштата се лажни

Сподели со своите пријатели

Дојавите за поставени експлозивни направи низ основните училишта во Куманово, се лажни, соопшти доцна вечерва Министерството за внатрешни работи.

– Денеска (28.10.2025) околу 18:00 часот во СВР Скопје и СВР Куманово пријавено е дека на емаил адресите во 30 училишта во Скопје и 17 училишта во Куманово пристигнати се пораки за наводно поставени експлозивни направи во училишта. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави, велат од МВР.

Според информации од кумановската полиција, утре ќе се одвива нормална настава во училиштата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дојави за бомби низ основните училишта во Куманово

Никола Ивановски