Заклучно 13 часот во Општина Куманово како најголема единица на локалната самоуправа, според бројот на гласачи, своето право на глас го оствариле вкупно 16,46% од гласачите, односно 15.295 лица, покажуваат податоците на Државната изборна комисија.
Податоците за базираат на обработени 98,82 отсто од избирачките места, односно 165 места.
Ова е блага зголеменост на излезноста во споредба со минатите локални избори, кога во истиот период гласале 12,41 проценти.
Во Куманово денеска се гласа на 167 избирачки места, а право на глас имаат вкупно 94.041 полнолетни граѓани.
Никола Ивановски