Рекордно ниска стапка на наталитет е забележана во Италија

Сподели со своите пријатели

Италија бележи рекордно ниска стапка на наталитет, што има многу негативен ефект врз пазарот на детски производи, а компаниите се принудени да се прилагодат на новата старосна структура на земјата.

Loading...

Во Италија минатата година се родија само 370.000 бебиња, што претставува најниска бројка во историјата, а оваа земја, со стапка на фертилитет од 1,18, што е под нивото на проста репродукција на населението, се соочува со една од најдлабоките демографски кризи во Европа.

Поранешната повоена експанзија на индустријата за колички за бебиња, креветчиња и играчки во италијанската покраина Бергамо сега е сведена на опстанок, а само двајца производители на детска опрема преживеале во поранешното индустриско јадро.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Млада инфлуенсерка убиена во салон за време на пренос во живо на ТикТок

Компанијата „Фопапедрети“, основана во 1945 година, преживува благодарение на навремената диверзификација, и покрај фактот дека денес продаваат само една третина од претходната количина детски кревети.

Нејзините приходи од околу 45 милиони евра се на стабилно ниво во последните пет години.

„Уште во осумдесеттите години од минатиот век, сфативме дека наскоро ќе се соочиме со демографски пад“, рече директорот на компанијата, Лучијано Бонети.

Другата преостаната компанија во секторот, „Kam – il mondo del bambino“, неодамна се договори со синдикатите за доброволно заминување на 35 од вкупно 140 работници.

Синдикатите предлагаат префрлање на производство на колички за домашни миленици или за стари лица, но компанијата предупредува дека двата пазари се веќе презаситени и барани – особено сегментот на медицински помагала за стари лица.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Речиси 1,9 милиони раселени Сиријци се вратија дома

Секторот на производи за деца изгуби повеќе од 35 проценти од пазарот во последните две децении.

Дополнителен удар нанесоа и конкурентите од Кина, чии ниски цени домашните производители тешко можат да ги издржат.

Во обид да го привлечат вниманието на јавноста, група продуценти дури и направија краток дистописки филм во 2023 година за Италија во 2050 година, каде што се раѓа само едно бебе годишно.

„Пораката е јасна – она ​​што (не) го правиме денес има долгорочни последици“, предупреди професорот по демографија Алесандро Розина, кој учествуваше во снимањето на филмот.

Рекламите за бебешки пелени полека исчезнуваат од телевизијата, заменети со реклами за производи за инконтиненција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Откриена саботажа со бомба во Германија: Украинци подготвувале напади по наредба на Русија?

Демографијата го менува пазарот и опстанокот на компаниите сега зависи од тоа колку брзо и паметно можат да се прилагодат на новата старосна структура на Италија, која денес има највисока просечна возраст во ЕУ – 48,7 години.