Познато кога започнува конклавата за избор на нов папа

Сподели со своите пријатели

Конклавата на која ќе биде избран новиот папа ќе започне на 7 мај, одлучија кардиналите на конгрегацијата во Ватикан, како што објави Ројтерс.

Loading...

По погребот на папата Франциск започнува период од девет дена, во кој се одржуваат миси за покојниот папа.

Последната миса, закажана за недела, 4 мај, ќе го означи крајот на жалоста и почетокот на конклавниот период.

И додека светот со нетрпение го очекува изборот на нов папа, според некои информации, тоа не требало да потрае предолго.

Имено, како што рече кардиналот Гвалтиеро Басети, заменик-претседател на Италијанската бискупска конференција, „тоа ќе биде краток конклав бидејќи постои единство меѓу кардиналите“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како некогаш бирале нов папа? Најдолгата конклава траела три години!