19-годишник од Куманово ја нападнал својата девојка

Сподели со своите пријатели

Деветнаесетгодишник од Куманово бил приведен викендов по пријава дека физички ја нападнал неговата девојка.

Loading...

– На 19.04.2025 во 09.20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.Ѓ.(19) од Куманово, по претходна пријава од неговата 24-годишна девојка од Куманово, дека околу 08 часот во неговиот дом физички ја нападнал, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановци се тепале во центарот на градот