Приведени тенејџери од Куманово, нападнале сограѓанин на плоштадот

Сподели со своите пријатели

Двајца тинејџери од Куманово викендов биле приведени под сомнение дека физички нападнале 23-годишен сограѓанин на плоштадот.

Loading...

– На 08.03.2025 година во 23.50 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Ѓ.Т. (18) и Д.С. (19) двајцата од Куманово, затоа што на плоштад „Нова Југославија“ во Куманово физички го нападнале М.И. (23), информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнат од негов роднина