Кина планира да ги елиминира тешките форми на загадување на воздухот до крајот на 2025 година

Сподели со своите пријатели

Кина планира да ги елиминира тешките форми на загадување на воздухот до крајот на 2025 година, изјави висок претставник за заштита на животната средина.

Loading...

Целта е дел од зголемените напори на властите да го контролираат загадувањето и да ги намалат емисиите, како дел од „битката за синото небо“, објави Ројтерс.

Ли Тианвеи, директор на Одделот за атмосферска наука и технологија, рече дека Кина ќе ги подобри системите за прогнозирање на загадувањето на воздухот и рано предупредување и ќе го подобри координираното управување со штетните честички во воздухот, како што е PM2.5, како и со загадувањето со озон.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се урна надвозник во изградба во Јужна Кореја, загинаа тројца работници

„Битката за синото небо останува непроменета“, рече Ли, според Министерството за екологија и заштита на животната средина.

Ли истакна дека Кина мора да воведе нови стандарди за емисии кои ќе бидат во согласност со глобалните најдобри практики и додаде дека земјата ќе го зголеми уделот на нови енергетски ефикасни возила и машини на аеродромите и пристаништата.

Светската здравствена организација (СЗО) изјави дека иако е постигнат напредок, загадувањето на воздухот останува сериозен проблем во Кина, со негативно влијание врз економијата и квалитетот на животот на луѓето.

Според СЗО, загадениот воздух е одговорен за околу два милиони смртни случаи годишно во Кина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Прв попис во Ирак по 40 години: Населението достигна 46,1 милиони

СЗО смета дека концентрациите на ПМ2,5 над 50 микрограми на метар квадратен се „сериозно загадување“, пренесува Танјуг.

Loading...