Филипинско село дава награда за фатени комарци, живи или мртви сеедно

Сподели со своите пријатели

Село во главниот град на Филипините им понуди на жителите 1 филипински пезос (2 центи) за секои пет комарци или ларви што ќе ги фатат – живи или мртви – како дел од напорите за борба против порастот на случаи на денга треска.

Loading...

Селото Addition Hills во Мандалујонг, предградие на Манила, започна лов на комарци оваа недела.

„Овој проект е алтернативна мерка, особено во време кога бројот на случаи на денга треска се зголемува“, рече началникот на селото Карлито Цернал во објава на Фејсбук.

Цернал ја бранеше неконвенционалната стратегија, а Министерството за здравство соопшти дека наместо да нудат награди за комарците, локалните власти треба да се грижат за собирање смет.

На својата Фејсбук страница, селото објави дека еден жител донел 45 ларви од комарци и заработил 9 пезоси (15 центи).

Просечниот дневен приход во Метро Манила е околу 10 евра.

Кармелита Гонзалес, началник на кабинетот на селскиот поглавар, рече дека досега учествувале најмалку 36 жители.

„Тие се забавуваат собирајќи комарци и ларви“, изјави таа за ДПА во телефонско интервју.

Loading...

„Што е уште поважно, проектот ја подигна свеста кај жителите за потребата да се исчисти нивната околина за борба против денга треската“, додаде таа.

„Ќе ја имаме оваа кампања се додека има бројни случаи на денга треска.“

Денгата е вирусна болест опасна по живот што ја пренесуваат комарците во тропските и суптропските региони.