Командант Сула учесник во „Диво насеље“ екстрадиран од Косово
On:
Сподели со своите пријатели
Сулејман Османи, познат во јавноста како командант Сула е екстрадиран од Косово во Република Македонија, по кој нашето Министерството за внатрешни работи го бара откако истиот успеа да побегне на полицијата откако беше приведен во Диво Насеље.
Осомничен е за кривично дело тероризам, а постоајт сомнежи дека учествувал и во нападот на караулата Гошинце.
Според косовската полиција, на која се повикува „Лајмпрес” пренесувајќи ја информацијата за апсењето на Османи, во куќата на Османи пронајден е дел од оружјето украдено за време на нападот на караулата во Гошинце.