Франција: Влегол во кафуле и фрлил бомба, носел и калашников: 12 лица се повредени (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Дванаесет лица се повредени, од кои некои критично, откако бомба беше фрлена во бар во југоисточна Франција.

Loading...

Тоа се случило во работничка населба во Гренобл нешто по 20 часот во средата, соопшти полицијата.

„Едно лице влегло, фрлило бомба, се чини дека не кажало ниту збор, а потоа избегало“, изјави обвинителот Франсоа Туре де Куси.

Напаѓачот носел автоматска пушка од типот калашников која не ја користел, додаде обвинителот, пренесува Sky News.

Сите повредени се префрлени во Универзитетската болница во Гренобл Алпи.

Ерик Пиол, градоначалник на Гренобл, рече дека најостро го осудува криминалниот чин на насилство без преседан што се случи во деловната област.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Најопасно време да се биде новинар“: Рекорден број на загинати новинари во 2024 година

Тој им се заблагодари на итните и безбедносните сили за брзата интервенција.

 

Loading...