Граничниот премин Рафах меѓу Египет и Газа се отвора денеска

Сподели со своите пријатели

Граничниот премин Рафах меѓу Египет и Појасот Газа денеска треба повторно да биде отворен за премин на палестински цивили, два дена порано од предвиденото, според договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, пренесоа израелските медиуми.

Loading...

Според договорот, преминот на јужната граница на Газа треба да биде отворен откако Хамас ќе ги ослободи сите заложници, без разлика дали се војници или цивили.

Преминот Рафах веќе е повторно отворен за испорака на хуманитарна помош како дел од прекинот на огнот, откако првично беше затворен во мај по израелската офанзива во областа, а Египет одби повторно да ја отвори својата страна од границата додека преминот не се врати на Палестинска контрола, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Калас: ЕУ започна цивилна мисија за следење на граничниот премин Рафах

Рафа е главниот канал за помош во Газа и затворањето на преминот ја влоши хуманитарната криза предизвикана од израелската војна во енклавата, според Тајмс оф Израел.

Хамас во четвртокот ослободи тројца Израелци и пет Тајланѓани, а Израел ослободи 110 палестински затвореници.