Жител на кумановско Клечовце ќе одговара за обид за убиство

Сподели со своите пријатели

Шеесет и деветгодишен жител на кумановското село Клечовце доби кривична пријава под сомнение дека сторил „убиство во обид“.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Д.(69) од с.Клечовце, општина Старо Нагоричане, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство” во обид, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, на 22.01.2025 во с.Клечовце, по претходна расправија и физичка пресметка, пријавениот со остар предмет му нанел убодна рана на Д.Ј..

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец со огнено оружје се заканувал на својот сосед