Србите во Куманово ќе го одбележат Свети Сава

Сподели со своите пријатели

По повод „Свети Сава“ национален празник на Србите во Македонија, традиционално Демократска партија на Србите од Македонија и Српската заедница во Куманово организираат Свечена Светосавска академија.

Loading...

Академијата ќе се оддржи на 26 јануари 2025 година со почеток од 19:00 часот во Занаетчискиот дом во Куманово.

За овогодишната академија како и досега организиран е квалитетен програм со цел достоинствено да се одбележи Националниот празник на Србите.

Во рамккте на овогодишната Светосавска академија предвидено е да настапи Првото Белградско пејачко друштво хорски ансамбл кој е основан 1853 година, потоа Уметничкиот ансамбл на Министерство за одрбарана на Р.Србија „Станислав бинички“, оперската дива од Белград мецосопран  Љубица Вранеш, првак-солист во операта на народниот театар во Белград Драгољуб Бајиќ, потоа Драмскиот уметник Слободан Ќустиќ, дел од академијата како и секоја година ќе биде КУД „Српски вез”.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Спречен шверц на мигранти од Индија и Непал на автопатот Табановце – Куманово

Интегрално соопштение