Шеесет и деветгодишник од селото Клечовце со нож избодел сограѓанин при што му нанел убодна рана.
Loading...
– На 22.01.2025 во 16.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.Д.(69) од село Клечовце, општина Старо Нагоричане, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Како што додваат од кумановската полиција, тој се сомничи дека претходно во село Клечовце со остар предмет го нападнал Д.Ј.(33) од истото село и му нанел убодна рана.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски