Лавров: Москва е подготвена да придонесе за нормализирање на односите меѓу Ереван и Баку

Сподели со своите пријатели

Русија е подготвена да помогне во нормализирање на односите меѓу Ерменија и Азербејџан во сите области на развојот, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Loading...

„Подготвени сме да ја обезбедиме потребната помош за нормализација на односите меѓу Ерменија и Азербејџан во развојот на трилатералните договори постигнати од лидерите на трите земји во периодот 2020-2022 година. Договорите остануваат релевантни, особено во светло на моменталната ситуација во регионот“, рече Лавров на средбата со ерменскиот министер за надворешни работи Арарат Мирзојан, пренесува РИА Новости.

Мирзојан рече дека со Лавров разговарал за партнерство во меѓународните организации.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украинската војска погоди фабрика за авиони и складиште за нафта

„Секогаш се трудиме да ги третираме руските интереси со разбирање и имаме желба и очекување руската страна донекаде да ги земе предвид и интересите на Ерменија на меѓународните платформи“, рече Мирзојан, пренесе „Арменпрес“.

Тој додаде дека Ерменија има намера дополнително да ги развива односите со Русија врз основа на заемно корисно партнерство и взаемно почитување на суверенитетот, во согласност со интересите на двете земји.

Во 2022 година, Ереван и Баку, со посредство на Русија, САД и ЕУ, започнаа разговори за идниот мировен договор.

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан на крајот на мај 2023 година изјави дека Ереван е подготвен да го признае суверенитетот на Азербејџан во советските граници, односно заедно со Карабах, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп: „Путин ја уништува Русија, војната во Украина го доведе во големи проблеми“