Кај Романовце спречен шверц на лекови, на Табановце на облека, игли и делови (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Цариниците на Граничниот премин Табановце изминатата недела спречиле шверц на облека, инсулински игли и делови за моторна санка.

Loading...

Во првиот случај, како што информираат од Царинската управа 1.100 инсулински игли биле откриени од мобилен царински тим при контрола на автобус на влез во државата на граничен премин Табановце.

– Во автобусот кој сообраќал на релација Биелефелд – Струга пронајдени се и непријавени 57 термомотори и термостати за регулирање на подно греење, велат од ЦУ.

 

 

Службата за мобилни скенери спречила обид за криумчарење на седум делови за моторна санка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ана Љубиќ ќе ја промовира збирката песни „И пад је лет“

– Делото е откриено на влез во државата на граничен премин Табановце при контрола на  камион со македонски регистарски таблички, во којшто биле скриени деловите, велат од Царина.

Loading...

 

 

Во трет случај, бил спречен шверц на 73 парчиња облека и обувки кои биле откриени од страна на Службата за мобилни скенери, во патните торби на македонски државјанин при контрола на автобус на граничниот премин Табановце.

 

 

Во оделен случај кај патарината Романовце биле запленети лекови.

Loading...

– Мобилен тим спречи обид за криумчарење на 2.220 парчиња лекови и тоа: таблети Jardiance од 25 мг – 780 парчиња, инсулин Sanofi Lantus Solostar 100 u/ml – 40 парчиња, таблети Xarelto 15 мг – 728 парчиња и таблети Eliquis 5 мг – 672 парчиња, велат од Царинската управа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Изложба на слики на Живка Величковска во Куманово

 

 

Случајот, како што додаваат, е откриен во внатрешноста на државата кај патарината Романовце при контрола на автобус со турски регистарски таблички кој сообраќал на релација Турција-Косово.

Никола Ивановски