Зеленски и Стармер им одадоа почит на загинатите украински бранители

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и британскиот премиер Кир Стармер денеска им оддадоа почит на загинатите украински бранители на плоштадот Михајловски во Киев.

Loading...

„Заедно со британскиот премиер Кир Стармер се потсетивме на паднатите бранители на Украина. Оддаваме почит и се сеќаваме на подвизите на нашите војници. Светло сеќавање за сите кои ги дадоа своите животи бранејќи ја Украина“, рече Зеленски на Телеграм, пренесе Укринформ.

Стармер денеска пристигна во посета на Украина, каде се очекува да потпише договор со украинскиот претседател Володимир Зеленски за продлабочување на постоечките одбранбени односи и зајакнување на економските врски, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина и Британија потпишаа 100-годишен договор за партнерство