Над 1.000 полицајци го апсеа јужнокорејскиот претседател во неговата резиденција

Сподели со своите пријатели

Јун Сук-Јеол стана првиот јужнокорејски претседател кој беше уапсен откако истражителите ги прескокнаа барикадите и исекоа бодликава жица за да го одведат во притвор.

Loading...

Јужнокорејските истражители денеска го уапсија суспендираниот претседател Јун Сук-Јеол во неговата резиденција, во втор обид да го приведат на сослушување под обвинение дека водел бунт, откако тој воведе краткотрајна вонредна состојба во земјата.

Повеќе од 1.000 полицајци учествуваа во операцијата во зората во средата, што беше втор пат полицајците да се обидат да го уапсат.

Пред зори во средата пристигна тим истражители, вооружени со скали за да се искачат преку автобусите и клешти за да ја пресечат бодликавата жица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Италија, Албанија и ОАЕ потпишаа договор за обновлива енергија тежок милијарда евра

Инспекторите користеа скали и ножици на силен студ за да стигнат до Јун, чиј персонал од Претседателската служба за безбедност (ПСС) подигна барикади во обид да го спречат неговото апсење.

Другите членови на тимот ги прескокнаа ѕидовите и пешачеа по блиските патеки за да стигнат до претседателската резиденција.

По неколку часа властите објавија дека Јун е уапсен.

Фотографиите од нивниот филмски напад во резиденцијата на претседателот го обиколија светот.

Loading...

Според високи функционери од Канцеларијата за истраги за корупција (ЦИО) налогот за притвор на Јун бил извршен во 10.33 часот по локално време.

Јун Сук Јеол моментално одбива да разговара за време на испрашувањето, соопшти Канцеларијата за истрага на корупција на високи функционери (ЦИО).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Еди Рама клекна пред италијанската премиерка за да ѝ даде подарок (ВИДЕО)

Јун, првиот јужнокорејски претседател кој беше уапсен додека беше на функцијата, беше подложен на двочасовно испрашување во седиштето на Канцеларијата за истраги за корупција за високи функционери (ЦИО) во Гвачеон, јужно од Сеул, откако беше пренесен таму по извршена наредба за притвор, објави Јонхап.

Службеникот рече дека сослушувањето ќе продолжи попладне, околу 14:40 часот по локално време.

Утринскиот распит беше одржан во присуство на правните застапници на Јун кои побараа тоа да не се снима на видео, соопшти ЦИО.

Инспекторите имаат 48 часа од моментот на неговото приведување да побараат налог за негово формално апсење, според Јонхап.

За потсетување, Јун беше суспендиран од функцијата откако Националното собрание го отповика на 14 декември и се соочува со обвиненија за бунт и злоупотреба на функцијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Светски економски форум во Давос од 20 до 24 јануари

Тој е обвинет дека ја испратил војската во Националното собрание откако во ноќта на 3 декември прогласил вонредна состојба за да ги спречи пратениците да гласаат за указот за поништување на неговата одлука.

Loading...

Инспекторите не можеа да го одведат Јун во притвор на почетокот на овој месец по повеќечасовен судир со неговиот персонал за обезбедување во резиденцијата.