Седумнаесетгодишник бил приведен вчера во кумановското село Речица откако во возилото што го управувал биле пронајдени Непалци.
– На 17.12.2024 во 23.10 часот на локалниот пат кон с.Речица, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во Бирото за јавна безбедност лишиле од слобода 17 – годишник од Виница, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, при преглед во возило „фолксваген кеди“, кое претходно го управувал малолетникот, а на кое биле поставени две различни кумановски регистарски таблички, биле пронајдени девет лица мигранти од Непал.
Мигрантите биле сместени во Транзитен центар Табановце, а против малолетникот, по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Никола Ивановски