Две лица се уапсени за убиството на рускиот генерал Кирилов

Сподели со своите пријатели

Две лица се уапсени под сомнение дека го убиле началникот на руската армија за радијациона, хемиска и биолошка заштита (РХБ) Игор Кирилов и неговиот помошник, објави денеска „Комерсант“.

Loading...

Како што пишува рускиот весник, трагата на осомничените била следена од местото на злосторството, каде надзорните камери снимиле пар сомнителни возила.

Организаторите ги контактирале мажите преку онлајн апликации и им дале податоци за контакт од SBU (Безбедносна служба на Украина).

Злосторството е разоткриено врз основа на свежи индиции“, истакнува изворот на „Комерсант“.

Засега нема официјални изјави за случајот со терористичкиот напад.

Генерал-полковник Игор Кирилов и неговиот помошник загинаа во вторникот во експлозија покрај станбена зграда на булеварот Рјазански во Москва.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Политико: Третата светска војна веќе е во тек

Истрагата утврдила дека експлозивот бил прикачен на рачката на електричен скутер, а силата на експлозијата била приближно еден килограм ТНТ.