Американските вселенски сили отворија свој оддел во Јапонија

Сподели со своите пријатели

Вселенските сили на САД отворија огранок во воздухопловната база Јокота во западниот дел на Токио, со цел зајакнување на капацитетите за одбрана и одвраќање во вселената, објави новинската агенција Кјодо.

Loading...

За време на церемонијата на отворање на единицата во американската база, командантот на американските вселенски сили во Индо-пацифичкиот регион, Ентони Масталир, рече дека земјите како Северна Кореја, Русија и Кина ја загрозуваат стабилноста на Индо-пацифичкиот регион.

„Вселенските сили на САД во Јапонија ќе послужат како центар за продлабочување на соработката и синхронизацијата меѓу САД и Јапонија во националната безбедност“, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сирија: Владините сили ги запреа бунтовниците во близина на градот Хама

Се очекува новата единица да ја подобри способноста за надгледување и предупредување за проектили на Јапонија преку обезбедување совети и експертиза, истовремено обезбедувајќи непречена координација со јапонската страна, вклучително и Вселенската оперативна група на Воздухопловните сили за самоодбрана.

„Нашите вселенски способности ќе помогнат да се одврати противничката агресија“, рече Рајан Лотон, командант на американските вселенски сили во Јапонија, пренесе Танјуг.

Јапонскиот министер за одбрана генерал Накатани и неговиот американски колега Лојд Остин го потврдија формирањето на единицата за време на нивниот состанок минатиот месец во Австралија.

Во Јужна Кореја, уште еден американски безбедносен сојузник кој се соочува со воена закана од Северна Кореја, американските вселенски сили во Кореја беа активирани во декември 2022 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кандидатот на Трамп за шеф на ФБИ на удар на хакери